Моден водич: 7 неодоливи есенски комбинации

0
134


Оваа есен многу трендови од 90-тите години се вратија на модната сцена, а дамите ги пречекаа со воодушевување. Земјените бои сè уште се најактуелни кога постудените денови тропаат на врата. Од деловни до секојдневни комбинации, можете да се инспирирате и да го пронајдете вистинскиот аутфит што одговара на вашиот вкус, а сигурно веќе имате неколку од овие парчиња облека во вашиот плакар. Погледнете ги овие комбинации што изгледаат многу модерно, а истовремено и ќе ве стоплат.

1. Кој вели дека кафеавата и црната боја не одат заедно?

Оваа комбинација е доказ дека овие бои можат да дадат многу ефикасен стајлинг, идеален за одење на кафе или во ресторан.

2. Пример за одлична деловна комбинација

3. Теди капутот е апсолутен хит оваа сезона

Ако планирате да купите ваков модел, одберете го во некоја од земјените тонови затоа што така е најлесно да го комбинирате со останатите бои.

4. Оваа есен кожените мантили се вратија на модната сцена

5. Тексас од глава до пети е повторно во мода

Овој стил е тешко да се комбинира, но оваа блогерка го направила тоа на маестрален начин. Ако сакате тексас, следете го нејзиниот пример.

6. Овој модел на јакна е рангиран високо на списокот на трендови веќе втора година по ред

7. Плетените фустани се секогаш одличен избор

Комбинирајте ги со патики за поопуштена варијанта, а за поелегантен изглед комбинирајте со чизми.

Погледнете кои се трите есенски парчиња облека што никогаш не излегуваат од мода.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here