Модели на фармерки што ќе бидат популарни во текот на 2020 година

0
102


Колку и да се менуваат модата со текот на годините, фармерките остануваат. Многумина не можат да ја замислат својата гардероба без фармерки бидејќи можете да ги комбинирате како сакате. Со нив можете да изгледате и гламурозно и спортски, во зависност од тоа дали сакате удобност или естетика.

Секоја нова сезона носи нови трендови, но и оваа пролет најпопуларни ќе бидат фармерките со висок струк, а во продолжение погледнете ги останатите трендови.


1. Класични тесни фармерки

Овој модел е во тренд веќе неколку години, а причината за тоа е веројатно едноставната комбинација на овие фармерки со широки џемпери, со убаво скроени сакоа и со широки блузи.

2. Фармерки со палацо крој

Фармерките со висок струк и ногавици со А-крој ќе бидат моден хит оваа сезона. Овој модел изгледа елегантно и женствено и можете да го комбинирате со кратки блузи и со чевли со високи потпетици. Овој модел на фармерки ги истакнува позитивните страни на градбата на вашето тело, особено струкот. Меѓутоа, ако изберете погрешен модел, фармерките може да изгледаат како да ви се преголеми.

3. Фармерки со врзување на струкот

Фармерките со врзувањето на струкот, но и на ногавиците ќе бидат модел што секоја девојка ќе посака да го има оваа пролет. Многу брендови веќе имаат различни модели: меки фармерки, фармерки со опуштен крој, фармерки што се врзуваат околу стрuкот и околу глуждовите итн.

Погледнете кој детаљ што визуелно ги издолжува нозете ќе биде новиот моден хит оваа пролет.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here