Модар патлиџан полнет со пилешко месо и зеленчук

0
7


Ако сакате да јадете модар патлиџан, пробајте го овој убав рецепт.

Совршен предлог за ручек: Модар патлиџан полнет со пилешко месо и зеленчук

Потребни состојки:

  • пар модри патлиџани
  • 250-300 грама пилешко филе
  • 2 домати
  • 1 црвен кромид
  • 150-200 грама кашкавал
  • свеж магдонос
  • сол
  • пипер
  • масло

Начин на подготовка:

Исечете ги модрите патлиџани на половина и издлабете ги. Испечете ги во рерна. Исечете ги на мали коцки парчињата што ги извадивте од модриот патлиџан и испржете ги во масло заедно со пилешкото, со доматот и со кромидот. Измешајте ја смесата со кашкавал и наполнете ги издлабените модри патлиџани. Вратете ги во рерна да се печат уште 10-15 минути. Посипете со магдонос по желба.


Погледнете како да направите чизкејк мафини со тиква.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here