Многу ѕвезди, уште повеќе акција во трилерот „Hitman’s Wife’s Bodyguard“

0
11


Рајан Рејнолдс и Семјуел Л. Џексон повторно ќе се најдат во опасна мисија, покажа официјалниот трејлер за „Hitman’s Wife’s Bodyguard“.

Најчудната смртоносна двојка – телохранителот Мајкл Брајс (Рејнолдс) и платениот убиец Дариус Кинкејд (Џексон) се враќа во акција.

Уште без дозвола и под лупа, Брајс мора да се фрли во акција поради уште поопасната сопруга на Дариус, злогласената интернационална измамничка Соња Кинкејд (Салма Хаек).

Додека Брајс е на работ на нервите (и животот) поради двајцата најопасни клиенти што некогаш ги имал, тројцата ќе се најдат вмешани во глобален заплет и наското ќе сфатат дека само тие се останати да ја одбранат Европа од одмаздољубивиот и опасен лудак (Антонио Бандерас).

Во „Hitman’s Wife’s Bodyguard“ исто така играат и Морган Фримен, Френк Грило, Ребека Рајт, Алис Мекмилан и други.

Филмот треба да има премиера на 16 јуни, 2021 година.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here