МЛС до Балотели: Те молиме дојди во Америка

0
118


Најдобрата амертиканска лига упати јавна покана до Марио Балотели да се пресели во некој клуб од МЛС, најмногу шанси им се даваат на Торонто, Интер Мајами и Лос Анџелес Галакси.

Марио Балотели нема мир по враќањето во Италија. Прво проблемите со расизмот, а потоа и кавгата со тренерот Фабио Гросо поради која не беше дел од тимот на гостувањето кај Рома изминатиов викенд, се чини на повидок е негов нов трансфер.

Преку барата очигледно будно ја следат ситуацијата со популарниот Супер Марио и одлучија дека сега е вистинскиот момент јавно да му предложат да дојде во САД.

„Те молиме, те молиме Марио дојди да играш во МЛС. Серија Е не е местото каде што сакаш да бидеш…“ вака почнува подкастот на официјалниот МЛС канал на YouTube.

Тоа е повеќе молба отколку покана. Со заминувањето на Златан Ибрахимовиќ, на американската лига ѝ е потребен нов самобендисан бељаџија кој ќе ги полни насловните страници и ќе ја рекламира лигата ширум светот. Изборот очигледно паднал на Марио Балотели.

Му сугерираат да дојде во МЛС уште во јануари. Интер од Мајами е нов клуб кој со натпреварување ќе почне во новата сезона 2020 и е еден од трите клубови кои му се предложени на Балотели. Вториот е ЛА Галакси каде би бил замена за Ибра, но оној третиот, канадскиот Торонто, веќе има пројавено интерес за проблематичниот Италијанец.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here