Милијардер тврди дека неговата 37. години помлада сопруга не е со него поради пари: „Таа е една добра душа“

0
125


Австралијанецот Стив Зилински, 67-годишен инвеститор во пензија и милијардер кој најмногу се прославил со ланецот ресторани во кои богатите гости јадат покрај голе женски тела, пред осум години во кафуле случајно ја запознал Емили Чарман која во тој момент имала само 22 години.

„Имав тогаш скоро 60 години. Знаев дека сигурно нема да привлечам така млада девојка, но се надевав дека ќе изградиме пријателски однос кој може да прерасне во љубов“, рекол тој.

Во март оваа година тој стапил во Брак со Емили, која е 37 години помлада од неа. Зилински има 67, а таа 29 години.

„Луѓето ме прашуваат што ќе биде кога ќе имам 77, а таа 40, а јас на тоа велам дека и тогаш ќе бидам ист како и сега“, вели Зилински кој бил исклучително огорчен после разводот кој го чинел преку милион долари само данок, а за делбата на имотот и да не се зборува.

Зилински инаку има две деца и вели дека и децата и пријателите го убедуваат дека Емили е со него само за пари, а Стив е уверен дека таа е „добра душа со длабоко всадени семејни вредности“.

Емили е инаку личен тренер и блогерка и како што пишуваат австралиските медиуми, целосно е заљубена во својот сопруг и дека не ѝ пречи што е постар од нејзината мајка.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here