Милионерот кој живееше скромно: Чарли Чаплин

0
128


На денешен ден во 1977 година почина Чарли Чаплин, актер, сценарист, режисер и продуцент, еден од најголемите уметници во филмската историја. Снимил 75 кратки и долгометражни филмови, а во 1972 година бил награден со Оскар за животно дело.

И покрај милионите кои ги заработил, живеел скромно. Неговата куќа во Холивуд ја нарекувале „распадната“ бидејќи е направена од работници од студиото, по негов нацрт. Но, била одлична за снимање.

„Сè што ми е потребно за да направам комедија е парк, полицаец и убава девојка“, зборуваше славниот комичар.

Неговите комедии претставуваат и сериозни социјални приказни и критики на општеството.

Животот на Чарли не бил лесен, всушност раното детство го минал во тешка сиромаштија. На петгодишна возраст за првпат се појавил на сцена, пеел и ги заработил првите пари.

„Бев многу свесен за срамот на нашата беда. Дури и најсиромашните деца во недела имаа вечера, печеното месо во домот значеше углед, тоа беше ритуал по кој се разликуваше една сиромашна класа од друга. Оние кои не можеа да си дозволат вечера во недела беа припадници на класата просјаци, а ние бевме токму тоа“, има напишано Чарли за тој период.

http://kajgana.com/

Сепак, никогаш не ја загубил способноста со која истовремено ја терал публиката да се смее и да плаче. Не снимал според пишано сценарио сè до пред крајот на кариерата. Идејата ја развивал во од, па затоа имало безброј повторувања на сцените. Никогаш не објавил филм од кој не бил целосно задоволен.

Се женел четири пати и имал 11 деца. Бил обвинуван, прогонуван поради политика и поради неговиот однос кон жените.

За неговиот 70-ти роденден, на 16 април 1959 година Чарли Чаплин ја напишал поемата „Кога навистина почнав да се сакам себеси“.

Вака гласи последната строфа:

„Кога почнав да се сакам себеси,

сфатив дека нема потреба да се плашиме од конфликти, расправии, проблеми

бидејќи дури и ѕвездите понекогаш се судираат

па од тој судир се создава нов свет.

Денеска знам: Тоа се нарекува живот“.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here