Милвоки го победи Вашингтон со натпревар со вкупно 282 поена

0
117


Несекојдневно ефикасен натпревар одиграа Бакс и Визардс, а гостите од главниот град и покрај постигнатите 131 поен дома си заминаа поразени.

Во првите две четвртини домашните кошаркари постигнуваа по 42 и 46 поени, во третата гостите дојдоа до 41, а во последната двата тима поентираа нешто под просекот. Вкупно беа постигнати дури 282 поена, а Милвоки триумфираше со 20 разлика (151:131) и покрај тоа што настапи без Јанис Адетокумбо кој има повреда на десното рамо.

Крис Мидлтон беше најефикасен со дури 51 поен, 10 скока и 6 асистенции, а зад него со 47 поени беше Бредли Бил од редовите на гостите кој пак немаше ниту еден скок. Се истакна и Ерик Бледсо со 34 поени, 6 скока и 10 асистенции.

Милвоки останува убедливо прв на Истокот со активна серија од 9 победи со низа.

Резултати:
Шарлот Хорнетс – Њујорк Никс 97:92
Филаделфија 76-ерс – Голден Стејт Вориорс 115:104
Кливленд Кавалирс – Њу Орлеанс Пеликанс 111:125
Торонто Репторс – Атланта Хокс 130:114
Мемфис Гризлис – Денвер Нагетс 104:96
Мајами Хит – Бостон Бруинс 101:109
Милвоки Бакс – Вашингтон Визардс 151:131
Далас Маверикс – Феникс Санс 104:133
Лос Анџелес Лејкерс – Лос Анџелес Клиперс одложена





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here