Милан со невообичаена понуда за Ибрахимовиќ

0
114


Италијанските медиуми на големо шпекулираат дека Златан Ибрахимовиќ ќе се врати во Милан, односно дека е извесно дека ќе ја прифати понудата на неговиот поранешен клуб.

Преговорите меѓу шведскиот напаѓач и славниот клуб беа прекинати минатата недела, но сега пак се обновени и Ибра наводно е сѐ поблиску до враќање на Сан Сиро.

Милан му испратил невообичаена понуда на Златан – договор на шест месеци, па да се избори за дополнителна година.

Италијанските медиуми пишуваат дека договорот автоматски ќе биде продолжен ако Ибрахимовиќ до крајот на сезоната одигра одреден број натпревари и постигне одреден број голови.

Претходната понуда била договорот да се продолжи автоматски ако Милан се избори во Европа, но италијанскиот клуб е далеку од позиција која би водела кон европски натпреварувања.

Ибрахимовиќ на крајот на годината ќе биде слободен играч бидејќи му истекува договорот со американски Л.А. Галакси.

Ибра играше во Милан од 2010 до 2012 година и во втората сезона со 28 голови беше најдобар стрелец во лигата.

Во разговор со списанието GQ Italia во почетокот на декември тој даде коментар што ги разгорува шпекулациите за враќање во Милан.

„Ќе дојдам во клуб кој мора да се врати на победничките навики, клуб кој мора да потсети на славните денови во историјата и кој се бори против сѐ и сите“, изјави славниот Ибра.

„Тоа е единствен начин да се мотивирам и да ве изненадам. Се гледаме наскоро во Италија“, порача 38-годишниот Златан.

Сѐ упатува на тоа дека Ибрахимовиќ алудира на Милан, но во конкуренција се и Наполи, Рома и Болоња кои некогаш освојуваа титули, а сега се далеку во позадината.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here