Мејведер ја исфрли свршеницата за да може да тренира

0
11


Легендарниот американски боксер Флојд Мејведер ја исфрли свршеницата Ана Монро од вилата во Лас Вегас за да може подобро да подготви за борбата против YouTube сензацијата Логан Пол.

Ана Монро е 29-годишна стриптизета која работи во клубот што Мејведер го купи кога ја запозна, а за нивната врска се дозна пред неколку месеци, на прославата на 44 роденден на Флојд.

Таблоидите пишуваат дека Флојд сериозно ги сфатил враќањето од пензија и првиот професионален меч од 2017 година.

„Ана се врати во нејзиниот стан. За неа сето ова е стресно, но таа е свесна дека Мејведер е тој којшто ги носи одлуките во нивната врска. Малку е чудно што се пресели бидејќи вилата има 11 спални соби и можат да живеат во неа без да се видат“, вели извор близок до Ана за The Sun.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here