Меркел: Жените се несразмерно погодени од пандемијата

0
20


Германската канцеларка Ангела Меркел денеска предупреди дека поради пандемијата со COVID-19 постои ризик од успорување на напредокот постигнат во родовата рамноправност, бидејќи жените повеќе се грижат за децата за време на карантинот и поголема е веројатноста дека ќе извршуваат поризични работи.

– Мораме да обезбедиме пандемијата да не нѐ врати во старите родови шеми за кои мислевме дека ги имаме надминато, изјави Меркел во видеопопраката по повод Меѓународниот ден на жената 8 Март.

Таа посочи дека жените несразмерно се погодени од здравствената криза и оти недоволно се застапени на високите позиции.

– Над 75 проценти од вработените во здравствениот сектор се жени, од лекарските ординации и болници до лабораториите и аптеките, но сепак само 30 отсто од нив се на раководни позиции во тие области, посочи Меркел.

Таа додаде дека не е оправдано жените во голема мера „да го носат“ општеството, а во исто време да не се подеднакво вклучени во важните политички, економски и општествени одлуки.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here