Мегатрансфер: Реал подготвува неверојатна понуда за Рахим Стерлинг

0
114


Реал Мадрид е одлучен во намерата во своите редови да го донесе Рахим Стерлинг, еден од најдобрите напаѓачи на светот.

Стерлинг, кого Реал неуспешно се обиде да го доведе летово, можно е уште зимава да стигне на „Сантијаго Бернабеу“ и тоа со мегатрансфер, објави угледниот Sky Sports.

Пеп Гвардиола не сака да се откаже од англискиот репрезентативец за помалку од 175 милиони евра, но „Кралевите“ подготвија понуда во која се вклучени пари и еден играч.

Флорентино Перез е подготвен во Манчестер да испрати 80 милиони евра и Гарет Бејл, за кого не е тајна дека не е задоволен во Мадрид.

Стерлинг исто така е подготвен да замине од Сити и да заигра во дресот на „кралскиот клуб“, па се чини нема препреки овој мегатрансфер да се реализира во јануарскиот преоден рок.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here