Мајката на Роналдо: Син ми е жртва на мафијата

0
90


Мајката на Кристијано Роналдо изјави дека нејзиниот син е жртва на фудбалската мафија.

Долорес Авеиро за португалскиот весник A Bola зборуваше за „мрачните сили“ во фудбалот.

„Постои мафија. Ако гледате што му се случува, ќе видите дека се работи за мафијашка работа. Ако мојот син беше Англичанец или Шпанец, тоа не би му се случило, но тој е Португалец од Мадеира“, вели Долорес.

Таа не наведе конкретно што направила „мафијата“ на нејзиниот син, но истакна дека верува дека Роналдо ќе успее да ја освои рекордната шеста Златна топка.

„Не знам што ќе се случи, но Кристијано тоа го заслужува. Ако погледнеме што сè веќе направи оваа сезона, тогаш може да донесеме таков заклучок“, вели Долорес.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here