Матераци до Зидан: Некој се бањаше на дожд, некој во солзи

0
44


Марко Матераци уште еднаш го пецна Зинедин Зидан, но овој пат не за финалето од Мундијалот во 2006, туку за изгубеното Скудето на Јуве во последното коло во 2000 година.

Тогаш Матераци настапуваше за Перуџа, додека Зидан за Јувентус. Во последното коло „Старата дама“ ѝ гостуваше на Перуџа, а влезе со два бода предност пред Лацио.

Но, се случи нешто неверојатно. Перуџа со гол на капитенот Алесандро Калори победи со 1:0, а Матераци беше дел од одбраната која 90 минути не му дозволи на Јуве да постигне гол.

Благодарение на тој пораз на Јувентус, Лацио со победата од 3:0 над Реџина се искачи на врвот и дојде до Скудетото.

„Како врнеше, така плачеше… (цитат од Акиле Тољани). Има некој што го има 5 мај и друг со 14 мај, некој тој ден се бањаше на дожд, а друг во солзи“, напиша популарниот Матрикс на својот Instagram профил по повод денешниот јубилеј од тој натпревар.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here