Марк и Никола сменети од „Брза кујна“: Запознајте ги новите шефови

0
115


Од неодамна стартуваше петтата сезона на популарното кулинарско шоу „Брза кујна“ на ТВ Сител, заедно со водителката Александра Илиевска и шефовите Марк Де Јонг и Никола Мишковски.

Но, по цели четири сезони продуцентите на барање на гледачите бараа да се воведе ненаква промена, но бидејќи шоуто е под франшиза, за истото немаше многу простор за додавање или одземање на зацртаната шема во кујната на доматите и пиперките.

Како што објасни Александара на почетокот на неделава, без да направат отстапки од концептот, се решиле за едено големо изненадување за гледачите, односно да ангажираат нови шефови на местото на Марк и Никола.

Па така, пред камерите заедно со асистентите, сега пред предизвикот да готват за 20 минути се Филип Поповски и Бобан Симоновски.

 

Дали шефовите ќе се менуваат на неделно ниво или пак Филип и Бобан ќе бидат единствените во оваа петта сезона, останува да видиме.

https://press24.mk/

Извор: Вистина.мк

 





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here