„Марка“ го издвои главниот фаворит за преземање на „жешкото столче“ во Мадрид

0
224
loading...

Зинедин Зидан предизвика фудбалски земјотрес во шпанската престолнина ова попладне, откако сосема неочекува свика интен вонреден прес, на кој пренесе уште поизненадувачка одлука за својата иднина како стручњак.

Французинот ги шокираше сите и порача дека донел конечна одлука да не го води Реал Мадрид во новата натпреварувачка сезона, сето тоа откако тимот направи историски успех под негово водство со освоената трета последователна титула во Лигата на шампионите.

Своето чудење и големиот шок не го криеше ниту Флорентино Перез за време на прес-конференцијата, но како што вели угледната „Марка“, првиот човек на Реал Мадрид сепак извесно време размислувал на вакво сценарио, па така веќе има остварено контакт со тренерот на кого се гледа како идеална замена за Зидан.

Станува збор за Маурицио Покетино кој беше поврзуван со Реал Мадрид во моментите кога на тимот воопшто не му одеше добро на средина на сезоната, актуелниот менаџер на Тотенхем кој според доброинформираниот весник избива на врвот на листата на која сепак не е единствен. Покетино во овој момент е прв избор на претседателот Перез, но се претпоставува дека во игра уште се и легендарниот Хосе Марија Гути и Антонио Конте кој е пред отказ во Челси.

loading...
loading...