Мареј ќе игра на Австралија опен во 2020 година

0
115


Мелбурн, 8 октомври 2019 (МИА) – Во 2020 година британскиот тенисер Енди Мареј ќе игра на Грен слемот Австралија опен, објавено е на официјалниот Twitter на турнирот.

За Британецот ова ќе биде прв Грен слем турнир по операцијата на колкот. Последен пат, тој загуби во првото коло и рече дека ова може да биде неговиот последен натпревар во Мелбурн.

Триесет и двегодишниот тенисер беше опериран во јануари годинава. Тој се врати на теренот во јуни на турнир во Лондон, каде победи во игра на двојки со Фелисијано Лопез.

На Австралија опен Мареј играше пет пати во финалето, но никогаш не победи. 





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here