Макрон: Брегзит е сигнал за тревога што треба да се слушне

0
107


Париз, 31 јанаури 2020 (МИА) – Брегзит е историски аларм што мора да одекне во сите држави и да биде слушнат од сите во Европа и поради тоа мора да се замислиме, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

„Кампањата за референдум, што доведе до гласање на Велика Британија за напуштање на Европската Унија, треба да биде потсетник за „она што лагите може да и направат на нашата демократија“, нагласи Макрон во телевизиското обраќање.

Францускиот центрист вели дека гласањето за Брегзит било можно „затоа што премногу често ја правевме Европа жртвено јагне за нашите проблеми, но и затоа што не ја сменивме доволно нашата Европа“.

-На Европејците им треба ЕУ да ги брани нивните интереси пред лицето на Кина и САД и да решава прашања како што се миграцијата, климатските промени и дигиталната економија, но на блокот му се потребни длабоки реформи за да биде посуверен и демократски, додаде Макрон.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here