Македонците во САД в недела ќе навиваат „Медена земја“ да добие Оскар

0
100


Обединета македонска дијаспора, една од најголемите организации на Македонците во САД, организира настан во Вашингтон по повод доделување на филмската награда Оскар за која е номинаран и нашиот документарен филм „Медена земја“.

Во соопштение за јавоста испратено денеска, ОМД ги поканува Македонците во Вашинтон да дојдат на настанот на кој оскаровската вечер ќе се прикажува во живо и заедно да дадат поддршка и охрабрување за „Медена земја“. Церемонијата со доделување на наградите Оскар се одржува в недела во Лос Анџелес.

– Настанот ќе биде одбележан со изложба на фотографии од фестивалот Галичка свадба од фотографот Дејан Станковски и ќе се служи македонска храна и вино, се вели во соопштението.

За првпат во историјата на македонската кинематографија, наш филм е номиниран во две категории: за Најдобар документарец и за Најдобар странски филм.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here