Македонски камион се преврте на автопатот Ниш – Белград

0
96


Белград, 16 ноември 2019 (МИА) – Камион со македонски регистарски ознаки се преврте изутрина во 08:30 часот на автопатот Ниш – Белград, кај Алексинац, поради што сообраќајот на патниот правец е во прекин, соопштија од Јавното претпријатие за патишта на Србија.

Според полицијата, возачот на камионот со прва помош е префрлен во Клиничкиот центар во Ниш, но не е позната неговата здравствена состојба, јави дописникот на МИА од Белград.

 

Засега не е познат идентитетот на возачот, ниту причината за сообраќајната незгода.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here