Македонската пејачка за ќерката Арија: Имав тешко породување, со големи болки

0
129


Македонската пејачка Нина Јанева и нејзиниот сопруг Александар пред две недели ја добија ќерката Арија, а како се одлучиле за тоа име раскажа пејачката во интервјуто за „Женски магазин“.

„ Името ѝ го избравме двајцата иако се двоумевме помеѓу верзијата Арја и Арија. Сепак музикалната верзија победи. Презимето го носи во оригиналната верзија на татко ѝ, по негова желба или Николовски“, ни изјави пејачката која важи за еден од домашните најквалитетни женски вокали.

Нина искрено во интервјуто кажала дека породувањето воопшто не ѝ било лесно.

„ Имав прилично тешко породување и првиот момент кога ми ја дадоа си помислив: Иста е како татко ѝ. Бев во големи болки, но за кратко тоа се среди. После три часа ми ја донесоа во апартманот каде што ја чекавме со Александар, мајка ми и сестра ми. Е тогаш вистинските емоции си ја превзедоа улогата. Се расплакав кога сфатив дека е моја, дека е моето најголемо достигнување во животот. Со мене беше околу еден час и потоа ја зедоа. До следното утро едвај чекав да ми ја донесат пак“, сподели Нина за првите мигови со ќерката. 

Целото интервју прочитајте го ОВДЕ.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here