Македонец во трка за градоначалник на Благоевград

0
96


Атанас Кирјаков синоќа јавно се произнесе дека е етнички Македонец и очекува македонското малцинство во Благоевград да му помогне да стане градоначалник.

Локалните избори во соседна Бугарија ќе се одржат утре, а 67 илјади граѓани на Благоевград ќе бираат нов градоначалник помеѓу 12 кандидати.

Меѓу нив е и Македонецот Атанас Кирјаков, член на партијата ОМО Илинден која Бугарија упорно одбива да ја регистрира. Неможејќи да се кандидира од својата партија, Кирјаков е пријавен како кландидат на движењето „Заедно за промена“.

Кирјаков синоќа на својот facebook профил на англиски јазик порача „Јас сум Македонец“ инспирирајќи го локалното македонско население да излезе и да му даде поддршка.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here