Маж се самозапали пред УНХЦР во Женева

0
95


Женева, 23 октомври 2019 (МИА) – Пред Канцеларијата за бегалци на Обединетите Нации во Женева денеска во знак на протест се самозапали еден маж.

Според швајцарските медиуми мажот кој се самозапали пред Канцеларијата на УНХЦР е Курд кој живее во Германија.

Тој преживеа и е хоспитализиран.

– Со оглед на неговата состојба, не е возможно да го дознаеме мотивот, но можеме да претпоставиме дека тоа е политичката ситуација, се наведува во соопштението на женевската полиција.

Портпаролот на УНХЦР изрази жалење поради инцидентот.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here