Велес 7 февруари 2020 (МИА) – Во 09:20 часот утринава во СВР Велес било пријавено дека во експозитура на ТТК Банка на ул.„8 Септември“ во Велес едно лице со закана со пиштол од вработените одзело пари и побегнало.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Според сведоци кои се нашле на местото на грабежот, лицето било маскирано со заштитна маска против загадување на воздухот и со пиштол в раце.
СВР Велес е во потрага по лицето и врши контрола на автомобилите кои го напуштаат градот.