Луис Хамилтон по шести пат стана светски шампион во Формула 1

0
103


Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон по шести пат стана светски шампион во Формула 1, откако го освои второто место на Големата награда во САД.

Победата во Остин ја однесе Валтери Ботас, кој во оваа трка стартуваше од првата стартна позиција и заслужено оствари победа. Тоа за него беше седма победа во кариерата, а го престигна Хамилтон дури во финишот на трката, со оглед на тоа што Британецот долго време беше лидер во трката.

На второто место заврши токму Хамилотн, а трет Макс Вертапен. Четврти беше Чарлс Леклер, додека Себастијан Фетел испадна од трката.

На Хамилтон ова му е шеста титула во Формула 1, претходно ги освои титулите во 2008, 2014, 2015, 2017 и 2018 година.

До крајот на сезоната во Формула 1 останаа уште две трки, Големата награда на Бразил на 17 ноември и Големата награда на Абу Даби на 1 декември.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here