Лино Червар по пет месеци се врати во Скопје!

0
259
loading...

Хрватскиот селектор и актуелен стратег на Металург, Лино Червар, по долго време повторно е во Скопје и ги виде своите „клинци“ од Автокоманда.

Искусниот стратег кој долго време отсуствуваше од нашата земја поради обврски со репрезентацијата и го остави тимот под водство на Александар Јовиќ, беше присутен на утринскиот тренинг на Металург.

Според најавите, Червар ќе патува со екипата и во Битола на наредниот суперлигашки дуел против Еурофарм Работник, но се уште не е познато дали ќе биде како советник од трибини, или, пак, ќе биде на клупата на „металурзите“.

Червар, кој последен пат беше во Скопје пред пет месеци на мечот меѓу Металург и Мотор Запорожје од Лигата на шампионите, ќе биде и гостин на завршниот Ф4-турнир од СЕХА-лигата кој се игра во Скопје, а на кој учествуваат Вардар, ППД Загреб, Мешков Брест и Целје Пивоварна Лашко.

loading...
loading...