Ликвидиран напаѓачот на руската ФСБ во Москва, двајца повредени

0
107


Москва, 19 декември (МИА) – Руската полиција соопшти дека е неутрализирано лицето кое отворило оган од автоматско оружје врз зградата на Федералната служба за безбедност во Москва.

Едно лице е убиено, а дваја повредени денеска во пукање во близина на седиштето на Федералната служба за безбедност (ФСБ) во центарот на Москва, јавија руски медиуми.

Пукањето се случило на плоштадот Лубјанка, на 10 минути пеш од Кремљ и Црвениот плоштад.

Портпаролот на руското Министерство за здравство рече дека двајца офицери на ФСБ биле ранети во инцидентот, негирајќи ги претходните извештаи во медиумите дека тројца луѓе загинале.

Во видео инсерти објавени на социјални мрежи се гледаат голем број полицајци, а во позадина може да се слушнат истрели.

Според првичните извештаи, убиен е човекот кој пукал кон зградата на ФСБ и бил вооружен со автоматска пушка. Засега не е познато што точно се случило. Напаѓачот е идентификуван, но неговиот идентитет сѐ уште не е објавен.

Медиумите во Москва претходно јавија за повредени припадници на ФСБ.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here