Ливерпул мора да игра два дена со ред, со два различни тима, на два различни континента

0
98


Фудбалерите на Ливерпул ќе го играат мечот од четвртфиналето на Карабао Купот против Астон Вила само ден ред полуфиналето од Светското клупско првенство во Катар, соопшти денеска Англиската фудбалска лига (EFL).

„Црвените“ во изминативе денови се обидуваа да го решат проблемот, но не успеаја, па на 17 декември ќе играат против Астон Вила во Бирмингем, а веќе следниот ден ги чека средба во Доха.

Играњето два натпревари во два дена со ред на два различни континента ќе биде вистински предизвик за момците на Јирген Клоп кои веќе имаат пренатрупан распоред.

„ФИФА ни кажа дека турнирот ќе биде во Катар и ние мора да отидеме таму и тоа и ќе го направиме. Премиер лигата вели дека мораме да играме натпревари од првенството и тоа ќе го играме. Во Лига купот, ако не најдат соодветен термин, нема да играме“, се закани Клоп по натпреварот со Арсенал.

Планирано е Ливерпул во Доха да ја смени целата екипа во однос на првиот натпревар, па најверојатно на мечот против Астон Вила ќе користи играчи кои немаат голема минутажа, а првата постава би требало да заигра следниот ден.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here