Ливерпул го претстави првото зимско засилување, Минамино

0
149


Клубот од „Енфилд“ потврди дека јапонскиот напаѓач е првото зимско засилување во походот кон титулата во Премиер лигата.

Такуми Минамино од Салцбург му се приклучи на Ливерпул откако денеска стави потпис на договорот. Во текот на вчерашниот ден тој успешно ги мина лекарските прегледи кои беа последна пречка за најавениот трансфер.

http://kajgana.com/

Јапонецот во јануари 2015 од редовите на Серезо Осака дојде во австрискиот шампион каде во четири сезони одигра 189 официјални натпревари постигнувајќи 64 голови, а притоа 5 пати ја освои австриската лига и 4 пати купот.

http://kajgana.com/

Минамино со Салцбург играше двапати против Ливерпул во групната фаза од годинешната Лига на шампиони.

„Од тие натпревари научив дека овој тим поседува високо ниво на техника и интензитет. Нивниот фудбал е на толку високо ниво што навистина осетив дека се шампиони. Чувтсвувајќи го тоа, се осеќам уште посреќен што ќе играм за овој тим. Навистина сум среќен што станав негов дел“, беа првите зборови на Минамино како играч на Ливерпул.

http://kajgana.com/

„Мојата цел е да ги освојам Премиер лигата и Лигата на шампионите и да дадам добар придонес кон тимот“.

24-годишниот Такуми е и репрезентативец на Јапонија за која има одиграно 22 натпревара и постигнати 11 голови.

http://kajgana.com/

За дебито за неговиот нов тим сепак ќе мора да почека до јануари кога официјално ќе биде отворен зимскиот преоден рок. Неговиот прв натпревар се очекува на биде на 1 јануари кога Ливерпул го пречекува Шефилд Јунајтед.

Првиот тим на Ливерпул моментално се наоѓа на Светското клупско првенство во Катар, па Минамино ќе почека неколку дена за да ги запознае своите нови соиграчи. Веќе го запозна Фабињу кој поради повреда не е во Катар.

http://kajgana.com/





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here