Лече му откина 2 бода на Јуве

0
115


Голем кикс на шампионот Јувентус на гости кај повратникот во Серија А, тимот на Лече кој се избори за 1:1.

Откако првите 45 минути поминаа без голови, „Старата дама“ го отвори резултатот со удар од белата точка преку Пауло Дибала. Пеналот го изнуди Миралем Пјаниќ кој беше соборен од Јакопо Петричоне.

Но, само шест минути подцна и Лече доби пенал откако Матајс де Лихт играше со рака во шестнаесетникот. Марко Манкозу беше непогрешлив, совладувајќи го Војчех Шченсни.

До крајот ниту една екипа не успеа да постигне победнички гол, а шанси имаше и на двете страни. За Лече ова е голем бод во борбата за опстанок, но голем кикс за Јуве кој може да загуби врвот доколку подоцна Интер ја совлада Парма.

Јувентус настапи без Кристијано Роналдо кој тренерот Маурицио Сари реши да го одмори.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here