Ленард и под свирежи го преслуша својот поранешен клуб

0
131


Каваи Ленард го предводеше Клиперс до победа на гости кај Спарс каде и покрај свирежите од домашната публика одигра одлична партија.

Сан Антонио Спарс ноќеска го пречека тимот на Лос Анџелес Клиперс во чии редови беше поранешниот миленик на Спарс, Каваи Ленард. Токму нивниот поранешен играч беше најефикасен на натпреварот постигнувајќи 26 поени. Два помалку постигна домашниот ДеМар ДеРозан.

28-годишниот Ленард мина 7 сезони во Сан Антонио пред да се пресели во Торонто лани, а летово дојде во Лос Анџелес. При секој допир со баскетот беше исвиркуван од домашните навивачи, но ни тоа не му пречеше да брилјира на паркетот чиј дом му беше со години.

Резултати:
Шарлот Хорнетс – Јута Џез 107:114
Бруклин Нетс – Атланта Хокс 122:112
Детроит Пистонс – Чикаго Булс 109:117
Филаделфија 76-ерс – Вашингтон Визардс 125:108
Њујорк Никс – Милвоки Бакс – 102:123
Мемфис Гризлис – Сакраменто Кингс 119:115
Сан Антонио Спарс – Лос Анџелес Клиперс 109:134
Феникс Санс – Хјустон Рокитс 125:139
Портланд Треил Блејзерс – Минесота Тимбервулвс 113:106





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here