Легендите на Германија и Италија одиграа спектакл

0
84


Тоти, Канаваро, Тони, Перуци, Пирло, Гатузо против Клинсман, Фрингс, Циклер, Бертхолд, Вајденфелер. Репрезентациите на Германија и Италија составени од пензионирани играчи направија вистински спектакл синоќа.

На преполниот „Томас Зомер“ стадион во баварскиот град Фирт се одигра невообичаен натпревар помеѓу поранешни легенди.

Италијанците предводени од селекторот Антонио Кабрини, шампион од Мундијалот во 1982, извадија на хартија далеку посилен тим составен од играчи кои сепак не толку одамна се пензионираа. Продефилираа 11 светски шампиони од 2006 и тоа голмaните Перуци и Амелија, дефанзивците Канаваро, Ѕамброта, Гросо и Ѕакардо, потоа Пирло, Гатузо и Перота од средината, како и напаѓачите Тоти и Тони, а играше и дефанзивецот Вјерковод, шампион од 1982. Тука беше и најдобриот голгетер од Мундијалот во 1990, Тото Скилачи.

http://kajgana.com/

Германците ги предводеше селекторот Берти Фогтс, шампион со Западна Германија од 1974. Светски шампиони во германскиот состав беа и напаѓачот Јирген Клинсман и дефанзивците Томас Бетхолд и Гидо Бухвалд, сите од 1990.

http://kajgana.com/

По само дваесетина минути игра Германците поведоа со 2:0 откако Канаваро и Панучи си постигнаа автоголови, но потоа Тони и Тоти набрзина израмнија. Томази донесе водство од 2:3 кон крајот, а за типична германска завршница се погрижи Волшајд во судиското надполнување.

Германија – Италија 3:3
Стрелци: 10′ (аг) Канаваро, 19′ (аг) Панучи, 90’+1 Волшајд – 21′ Тони, 34′ Тоти, 79′ Томази
Германија (4-4-2): Роман Вајденфелер; Филип Волшајд, Гидо Бухвалд, Јенс Новотни, Томас Бертхолд; Давид Одонкор, Торстен Фрингс, Марко Ремер, Џералд Асамоа; Александер Циклер, Јирген Клинсман.
Играа уште: Пери Бреутигам, Пјотр Троховски, Маурицио Гаудино, Томас Хелмер, Улф Кирстен, Оливер Невил и Михаел Шулц.
Италија (4-3-3): Анџело Перуци; Џанлука Ѕамбротa, Пјетро Вјерковод, Фабио Канаваро, Фабио Гросо; Џенаро Гатузо, Андреа Пирло, Симоне Перота; Бруно Конти, Франческо Тоти, Лука Тони.
Играа уште: Марко Амелија, Кристијан Ѕакардо, Кристијан Панучи, Морено Торичели, Федерико Балѕарети, Луиџи Ди Бјаџо, Масимо Амброзини, Стефано Фјоре, Дамјано Томази, Џилијано Џаникеда, Анџело Ди Ливио, Фабрицио Раванели и Салваторе Скилачи.

http://kajgana.com/

http://kajgana.com/

http://kajgana.com/

http://kajgana.com/

http://kajgana.com/

http://kajgana.com/

http://kajgana.com/





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here