Легендарниот Versace фустан конечно се продава: Има кој да го купи, но ретко кој може да го носи

0
111


Фустанот на модната куќа Versace што латино ѕвездата Џенифер Лопез го носеше на доделувањето на наградите Греми во 2000 година е едно од најпопуларните парчиња облека во модната историја.

За тоа сведочи фактот дека заради овој фустан беше создадено пребарувањето по фотографии на Google, а 19 години подоцна беше направена реплика на креацијата што повторно ја носеше Џеј Ло.

Новата колекција на Донатела Версаче е инспирирана токму од овој фустан, а новата верзија што Лопез ја носеше на пистата на Модната недела во Милано само минимално се разликува од оригиналот.

Добрата вест е дека овој фустан сега е достапен на продажба и може секој да го купи.

Ок, не баш секој, имајќи предвид дека фустанот во претпродажба чини 9.325 долари, односно нешто повеќе од 8.500 евра.

http://kajgana.com/

Високата цена не значи дека нема да има заинтересирани. Има кој да го купи легендарниот фустан, но ретко кој може да го носи.

Треба многу самодоверба и совршено вајано тело за да го износите овој фустан како што тоа го направи Џеј Ло и тоа не еднаш, туку два пати.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here