Легендарниот Итуралде даде свое експертско мислење за пеналот кој го полуде Буфон

0
969
loading...

Мајкл Оливер си загарантира голема популарнот во светската јавност со својата храбра одлука да покаже на белата точка во корист на Реал Мадрид во 93-та минута од натпреварот, потег со кој му овозможи на Кристијано Роналдо да реализира од пенал за пласман на „кралевите“ во полуфиналето во Лигата на шампионите.

Дуелот меѓу Бенатија и Лукас Васкез експресно се најде на мета на многу експерти и фудбалски фанови, а од Шпанија пристигна првото експертско мислење, и тоа од страна на легендарниот шпански судија, Итуралде Гонзалес.

Пензионираниот арбитар кој со години важеше за најдобар судија во Шпанија го приложи своето гледиште за контроверзната ситуација, јасно посочувајќи дека судијата Мајкл Оливер не смее да покаже на белата точка за толку ситен контакт.

– Интервенцијата на Бенатија не е доволна за да се покаже на белата точка. Не требаше да досуди пенал во корист на Реал, – вели искусниот Итуралде кој е експертски аналитичар на „Ас“ за вакви спорни и полемични ситуации.

loading...
loading...