Левица: Скопје е како концентрационен логор, а градските власти спијат

0
111


Проблемот со загадувањето на главниот град никако да се реши, а од Левица обвинија дека градските власти се во зимски сон наместо да преземат конкретки мерки.

Деновиве кога го снема ветрот Скопје повторно стана еден од најзагадените градови во светот. Досега преземените мерки имаат минимален ефект бидејќи најголемите причинители на загадувањето не се опфатени.

Од Левица обвинуваат, но и предложуваат мерки за намалување на загадувањето.

„Скопје бележи нови рекорди на загаденост со кои и понатаму останува на врвот на градови со најзагаден воздух во Светот. Изминатиот период во повеќе скопски населби индексот за квалитет на воздухот ја помина границата 500, што е екстремно високо и ризично по здравјето на граѓаните“.

„Очигледно тоа не е доволно за градоначалникот Петре Шилегов да преземе итни мерки за намалување на загадувањето, па и натаму, заедно со Макрадули и останатите министри и одговорни лица од владеачката коалиција продолжува со својот зимски сон во кој се наоѓа веќе три години. Чистиот воздух беше еден од столбовите во изборната кампања на СДСМ и Шилегов, а сега неиспорачувајќи ниту минимум од ветеното, непризнавајќи дека има екстремна загаденост на воздухот се кријат во своите кабинети убедувајќи дека ова е година со најмалку загаден воздух“.

„Левица, во интерес на граѓаните бара реакција на сите надлежни преземајќи ургентни, краткорочни и неодложни мерки со цел итно намалување на загаденоста. Оттука, предолжуваме забрана за увоз на отпад и други токсични материи; забрана за работење на големите индустриски капацитети со А интегрирана еколошка дозвола; воведување на бесплатен јавен превоз; деноноќни патроли на инспекторите; бесплатна струја за социјално ранливата категорија на граѓани и итно укинување на ДДВ-то за електрична енергија и други еколошки енергенси кои се користат за затоплување на домовите“.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here