Левица: СДСМ, ДПМНЕ и ДУИ се мултимилионски картели изградени од маката на работниците

0
129


Непарламентарната партија Левица упати сериозни обвинувања до трите најголеми партии во државава.

„Сите ние сме свесни што се случува со нашата држава од самото осамостојување па до денес, разноразните неправди, манипулации, валкани игри, кои што од ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ направија мултимилионски политички картели, водени од само една идеја: повеќе профит за нив, на товар на граѓаните! Сплотени, овие три партии ја соголеа нашата држава, го направија македонскиот народ сервилен и потчинет, ги разгореа национализмот, империјализмот, шовинизмот, клиентелизмот, ја уништија средната класа, ја продадоа историјата, се одрекоа од народните херои, се со цел – поддршка од Западот и подолго владеење со државата. Се додека дозволуваме ваквите политички картели да ја оформуваат сликата за тоа што е правилно, а што не е, ние ќе бидеме на местото каде што сме сега – на самото дно!“, Антропол ја пренесува изјавата на Бобан Кочовски, член на пленумот на левица.

Во меѓувреме, Левица се прошири и со нова канцеларија во Охрид, а од оваа партија велат дека овој период ја вршат и неопходната пререгистрација. Се надеваат дека на претстојните предвремени парламентарни избори конечно ќе успеат да освојат некој мандат и да влезат во Собранието станувајќи парламентарна партија.

„Секојдневно сме сведоци на политичките скандали на СДСМ, ДПМНЕ и ДУИ, кои што ги изигруваат законите за нивните цели, донесуваат или изменуваат закони кои што не им одат во прилог, создаваат лажна блискост со нашите соседи преку потпишување на капитулантски договори кои се штетни за Република Македонија, без притоа да се консултираат со нас – граѓаните. Единствениот пат кога се побара наше мислење беше неуспешниот референдум на кој што бојкотирајќи кажавме јасно и гласно – НЕ за лицемерни и конфузни референдумски прашања, НЕ за влез во НАТО, НЕ за промена на името, НЕ за политиките на СДСМ и ДУИ!“, вели Кочовски.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here