Леброн со трипл-дабл ги реши Пистонс

0
110


Лејкерс ноќеска ги совладаа гостите од Детроит најмногу благодарение на расположениот Леброн Џејмс.

Тимот од Лос Анџелес ја забележа петтата победа во серија или вкупно 29-та сезонава со што и натаму е на врвот на Западната конференција.

Ноќеска нивна нова жртва беше тимот на Детроит Пистонс кој немаше лек за Леброн Џејмс. Иако најефикасен со 28 поени беше гостинскиот кошаркар Дерик Роуз, најкорисен беше Леброн кој запиша трипл-дабл со 21 поен, 14 скокови и 11 асистенции. Кај домаќините најмногу поени даде Ентони Дејвис, 24.

Лејкерс триумфираше со тесни 106:99, а покрај Леброн клучни за победата беа и дваесетте блокови кои домашната одбрана ги забележа при гостинските налети.

Резултати:
Мајами Хит – Портланд Треил Блејзерс 122:111
Кливленд Кавалирс – Минесота Тимбервулвс 103:118
Феникс Санс – Мемфис Гризлис 114:121
Лос Анџелес Лејкерс – Детроит Пистонс 106:99





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here