Лажна тревога за бомба предизвика хаос во авион

0
58
loading...

Најмалку 10 лица се повредени во авион на индонезиската авиокомпанија „Lion Air“во метежот што настанал пред полетување од островот Борнео откако еден од патниците рекол дека во авионот има бомба.

Портпаролот на полицијата Нананг Пурномо рече дека патниците го слушнале 26-годишниот Франтинус Нириги како му кажува на член на екипажот на лет дека има бомба во авионот со 189 патници.

Пурномо рече дека по ваквата изјава еден од патниците го разбил стаклото на прозорецот за излез во случај на опасност, по што и тој и Нириго биле уапсени.

На објавената видеоснимка од инцидентот се гледа како десетина луѓе стојат на десното крило на авионот „боинг 737“, а некои се спуштаат по десниот мотор.

loading...

Кај осум патници биле констатирани скршеници и повреди на главата, а двајца патници се полесно повредени.

Авионот бил претресен, но екипите не нашле бомба.

loading...