Лагата метастазира побрзо од ракот

0
11
Лагата метастазира побрзо од ракот
loading...

[ad_1]

Во 1998 година, контроверзниот Џејмс Вотсон за Њујорк тајмс изјави дека лек на рак ќе добиеме на почетокот на новиот милениум. Неколку години подоцна слична бомбастична проценка пренесе Вајрд. Па сепак, еве нè во 2019 година а ракот сè уште го убива секој осми маж и секоја 11-та жена на светот.

Деновиве вирална стана една вест дека лек за рак на пазарот ќе се појави за една година. Тоа во интервју за израелски весник го вети човек од лабораторија со помпезно име, Accelerated Evolution Biotechnologies.

„Веруваме дека во рок од една година ќе понудиме комплетен третман за рак. Нашиот лек ќе биде ефикасен уште од првиот ден, третманот ќе трае само неколку недели, ќе нема несакани последици или тие ќе бидат минимални и ќе чини многу помалку од она што сега го има на пазарот,“ ни пет ни шест за Ерусалим пост ќе лупне извесен Дан Аридор.

Претпазливи и упатени, ваква изјава ќе ја баталат ни пет ни шест. Како прво, не постои еден рак па тој да се убие со еден куршум. Рак повеќе е термин чадор под кој трпаме многу работи шти не ги разбираме, отприлика околу 200 различни состојби и болести.

loading...

Второ, оваа лабораторија е сè уште во фаза на експерименти со глувци. А патот од глувци до луѓе е долг и неизвесен, особено за ракот. Клииничките испитувања со луѓе обично траат со години. Така што отпаѓа оној рокот од една година а отпаѓа и ветувањето за немање нус-појави бидејќи овие тоа не можат да го знаат во оваа фаза.

Идејата можеби им е хевристички плодна (мешаат различни пептиди и токсини за да ги оневозможат ќелиите на ракот да се развиваат) но далеку, предалеку е тоа од „лек“.

Па сепак, кога тоа ќе го земат медиумски калибри како Фокс, Њујорк пост и Форбс, тоа станува сензација со педигре.

Некои од медиумите кои се истрчаа и неодговорно ги подгреаја надежите на милиони луѓе кои се во очајна потрага по лек за себе или за свој близок, подоцна излегоа со сосема поинакви сознанија за темата. Но дури и таа втора епизода ја покажа инфериорноста на вистината. На пример Форбс за првата вест (Ќе има лек) доби 1.600 лајкови на Твитер а за втората (Ќе нема лек) само 61. 

Види:

Вистината нема шанси со лагата



[ad_2]

Source link

loading...