Куќа од соништата за сите љубители на пивото

0
6


Оваа куќа во Флорида однадвор изгледа како и секој друг дом, но кога ќе ѕирнете внатре, ќе останете без здив. На сите sидови и тавани се наредени лименки пиво!

Куќата има две спални соби и две бањи и е сместена во тивка улица зад уреден тревник и со камено скалило што води кон влезот од стакло. Кога ќе влезете низ влезната врата станува јасно дека овој дом во Флорида може да се пофали со навистина уникатен ентериер, откако претходниот сопственик ги украсил секој ѕид и таван со лименки пиво. Според проценките има десетици илјади лименки пиво кои го украсуваат домот, а агентот за недвижнини Кристен Адамс-Кирни вели дека била воодушевена од она што го нашла внатре кога за прв пат влегла во куќата.


За продажбата на куќата била контактирана од Крис Џонсон, кој станал одговорен за имотот кога неговиот пријател кој ја поседувал куќата починал. Тој и напишал писмо за да објасни дека домот е на Мајк Амелот, ветеран на американската морнарица, кој се преселил во 1986 година и кој секогаш имал наредени лименки од своето омилено пиво во трпезаријата. Проектот за украсување на неговиот дом со лименки започнал во 1990 година и завршил 16 години подоцна. Крис истакнал дека неговиот пријател Мајк сторил сè целосно сам.

Куќа од соништата за сите љубители на пивото

Куќа од соништата за сите љубители на пивото

Куќа од соништата за сите љубители на пивото

Куќа од соништата за сите љубители на пивото

Куќа од соништата за сите љубители на пивото

Куќа од соништата за сите љубители на пивото

Куќа од соништата за сите љубители на пивото

Куќа од соништата за сите љубители на пивото

Прочитајте ги овие едноставни трикови со кои можете да создадете пријатна есенска атмосфера во домот.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here