Куршум ѝ поминал покрај глава – Дара Бубамара се нашла среде пресметка на мафијаши во Нови Пазар

0
127


Дара Бубамара неодамна се нашла среде мафијашка пресметка во Нови Пазар. Како што е наведено, од прво се било во ред, а потоа две момчиња од публиката на нејзиниот настап започнале расправија. Набрзо почнало и пукање.

Еден куршум ѝ поминал покрај глава на пејачката, пренесува Курир.рс

Додека Дара пеела почнале да „летаат“ чаши и шишиња, а потоа еден човек почнал да пука во вис, обезбедувањето скокнало на него да го собори на земја, а пиштилот пукал директно во правец на пејачката. Толку близу што ѝ поминал покрај глава, што сите биле убедени дека ја погодил. За среќа, куршумот не погодил никој, туку се забил во ѕидот зад бината. Дара веднаш избегала зад сцената за да си го спаси животот, пренесува Курир.рс

„Точно едека имаше пукање и дека избегав зад сцената. Куршумот ми прелета покрај главата, беше ужасно, но не се исплашив многу, затоа што сум храбра жена“, рекла пејачката за медиумите.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here