Курдите тврдат дека ја убиле десната рака на ал-Багдади

0
80


Дамаск, 28 октомври 2019 (МИА) – Курдската милиција во Сирија, Единиците за народна заштита, денеска соопшти дека во заедничка акција на американските и силите предводени од Курдите на северот на Сирија бил убиен и портпаролот на лидерот на Исламската држава, Абул-Хасан ал-Мухажир.

Ал-Мухажир, наведуваат Курдите, му бил десна рака на лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади, пренесоа британските медиуми.

Сириските демократски сили наведуваат дека целта ја гаѓале во близина на пограничното место Жараблус и тоа врз основа на разузнавачки податоци на СДФ и американската војска.

Командантот на СДФ Мазлум Абди изјави дека станува збор за „продолжување на претходната операција“ во која беше убиен лидерот на екстремистичката Исламска држава.

Абди портпаролот ал-Мухажир го нарече „десната рака“ на лидерот ал-Багдади.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here