Купиле билет за да го видат Роналдо, не играл, па добиле на суд

0
103


Двајца Кореанци го тужеле организаторот на пријателскиот натпревар помеѓу Јувентус и К-Лигата бидејќи дошле да го гледат својот идол кој, пак, го изгледал натпреварот од клупата за резерви.

Јувентус на крајот од минатиот јули играше пријателски натпревар против најдобрите фудбалери од првенството на Јужна Кореја. Пред 65 илјади гледачи во Сеул натпреварот заврши 3:3, но не сите биле задоволни од она што го виделе.

Двајца корејски фудбалски фанатици поднеле тужба против ореганизаторот на натпреварот бидејќи купиле билет за на дело да го видат нивниот идол, Кристијано Роналдо. Португалецот не одигра ниту минута, преседал на клупата за резерви, а изговорот на Јуве беше дека има истегнат мускул.

Бидејќи локалната агенција The Fasta продавала билети рекламирајќи го Роналдо под слоганот „за оние кои никогаш не го виделе“, двајца Кореанци се решиле правдата да си ја побараат на суд. Судот во Инчон деновиве конечно ја донесе пресудата и тоа во нивна корист. Агенцијата мора да исплати 282 евра на секој од нив поради измамата со која ги излажала да дојдат на стадион.

https://kajgana.com/

Покрај овие двајца, тужба покренале и други разочарани навивачи, овој пат во Сеул и цело време против агенцијата The Fasta. Против Роналдо и против Јувентус нема ништо бидејќи тие никогаш не потпишале ништо во врска со тоа кој мора да игра.

Агенцијата билетите ги рекламирала со тврдење дека Роналдо сигурно ќе игра бидејќи наводно имала договор со Јуве дека Португалецот мора да одигра барем 45 минути. Билетите, најевтиниот 23, а најскапиот 300 евра, се продале за кратко време.

Пресудата во корист на двајцата навивачи може да има голем домино ефект доколку уште навивачи решат да покренат тужба. Агенцијата The Fasta од продажбата на билети за овој натпревар направила профит од 6 милиони уона (4,4 милиони евра).

Уште деновите по натпреварот се крена голема фама околу неиграњето на Роналдо и уште оттогаш се најавуваше дека ќе има тужби, иако тогаш прстите беа вперени кон Јувентус кој наголемо се критикуваше поради неговото неиграше и се бараше од италијанскиот шампион јавно извинување.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here