Кулибали го шокираше Јувентус, Наполи најави жестока битка за скудетото (Видео)

0
137
loading...

Наполи оствари голема победа на гостувањето кај Јувентус (0:1) и со тоа најави неверојатно неизвесна битка за титулата во италијанското фудбалско првенство.

Гостите од Неапол имаа иницијатива во текот на целиот натпревар во кој имаа повеќе удари кон противничкиот гол и со својата пресинг игра му создаваа многу проблеми на Јувентус кој правеше грешки во додавањата. Иако иницијативата опадна во финишот, решавачкиот момент се случи од прекин, односно по изведен корнер кој со удар со глава во неверојатно важен гол го претвори дефанзивецот Кулибали.

Јувентус единствената посериозна шанса ја имаше на почетокот од средбата, кога по изведен слободен удар на Пјаниќ, топката го погоди дирекот, но не заврши во мрежата на Реина.

Победата за Наполи е идентична како таа на Јувентус во Неапол во првиот дел од сезоната, а сега тимот на Маурицио Сари има само еден бод помалку од лидерот на четири кола до крајот. Јувентус има потежок распоред и веќе следното коло му гостува на Интер, па станува јасно дека Наполи има сериозни шанси да стигне до толку посакуваното скудето.

loading...

loading...