Кривични пријави против поранешен градоначалник на Куманово и двајца инспектори

0
52


СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Б. (67) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“, В.Л. (64) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „фалсификување службена исправа“ во врска со „продолжено кривично дело“ и против З.Д. (64) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Првопријавената – овластен градежен инспектор во Секторот за инспекциски надзор при општина Куманово, постапувајќи по Пријава за узурпација на државен имот, при вршењето на инспекцискиот надзор, иако забележала и знаела дека 10 лица-сопственици на имоти во Куманово кои во период од 2015 до 2017 година имаат узурпирано државно земјиште во вкупна површина од 1.156 м², не извршила инспекциски надзор кај сите 10 и притоа не ја констатирала реалната состојба. Второпријавената – Раководител на Секторот за инспекциски надзор-Инспекторат при општина Куманово и непосредено претпоставено службено лице на првопријавената, пропуштила должен надзор и несовесно постапила во вршењето на своите службени овластувања и должности. Иако била запознаена и свесна за погоре наведената состојба, не презела никакви мерки за административно извршување на донесените правосилни и извршни акти.

Третопријавениот, вршејќи работи од јавен интерес и должност како Градоначалник на општина Куманово, ја злоупотребил својата службена положба и овластување, при што не постапил по Решение донесено од Управен инспектор од Куманово при Државниот управен инспекторат со кое што бил лично задолжен да преземе мерки и дејствија, со што им овозможил на лицата и понатаму противправно да го користат државното земјиште, со што нанел штета на имотот на Р.С. Македонија.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here