Кривична пријава против трите момчиња кои малтретирале цимер во Кавадарци

0
128


Кавадарци, 26 ноември 2019 (МИА) – Полициската станица Кавадарци до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против три момчиња на возраст од 18, 17 и 16 години, кои на 14 овој месец извршиле насилство врз цимерот со кој заедно живееле во Кавадарци, каде и се школувале.

Ова за МИА го потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Претходно, од Државниот просветен инспекторат потврдија за МИА дека бил извршен инспекциски надзор во Државниот ученички дом „Крсте Петков Мисирков“ Кавадарци и направен е записник. Утврдено е дека постоел одреден инцидент и врз основа на наводите во записникот му се предлага на одговорното лице во ученичкиот дом да преземе соодветни мерки заради утврдување на фактичката состојба и доколку се утврди вина да се преземат соодветни мерки согласно Законот за ученички стандард.

– Утврдувањето на фактичката состојба не е во наша надлежност, тоа го врши Министерството за внатрешни работи, рекоа од Инспекторатот.

Случајот во полиција го пријавил таткото на малтретираното момче. 





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here