Кривична пријава против осум лица за поседување дрога

0
135


На 22.11.2019 во 13.10 часот на ул. Кеј Димитар Влахов, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Б.(39) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја и таблети. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 22.11.2019 во 22.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(22) од с. Кондово, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 22.11.2019 во 18.20 часот на ул. Герника, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода П.К.(24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 23.11.2019 во 00.05 часот во с. Здуње, гостиварско полициски службеници од Полициска станица Гостивар ги лишиле од слобода Г.М.(31) од с. Здуње и Х.С(26) од с. Речане, гостиварско, затоа што при извршен преглед кај истите била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 22.11.2019 во 18.00 на ул. Иво Лола Рибар, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Ф.Н.(29) и Н.А.(56) и двајцата од Тетово, затоа што при извршен претрес во нивниот дом, била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 22.11.2019 во 20.10 часот на ул. Благоја Паровиќ, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ж.П.(43) од Скопје, затоа што при извршен претрес во неговиот дом, кај него била пронајдена грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here