Кривична пријава за вработена во Катастар за злоупотреба на службена положба и овластување

0
99


Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против T.Б.(38) и Ј.А.(43), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле по едно кривично дело „злоупотреба службена положба и овластување“ и „поттикнување“ во врска со „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Првопријавената, вработена како правник во Агенцијата за катастар на недвижности-Скопје, во текот на 2014, со искористување на својата службена положба и со пречекорување на своите службени овластувања, а поттикната од второпријавениот, управител на правно лице од Скопје, по приемот на пријава за запишување на промена во Агенцијата за катастар на недвижности на 11.11.2014, иако имала овластување само да одлучува по предмети за запишување на сопственичките права во катастарот на недвижности, а по претходна обработка на пријавите од страна на стручни лица – геодети, неовластено преземала активности вон своите овластувања и извршила промена во катастарот на недвижностите.

Првопријавената, станбениот објект кој бил недовршен и се уште во изградба и за кој немало извршено технички прием, а за кој градежната документација била издадена на лицето Д.Т. како соинвеститор, ја запишала на име на второпријавениот и на име на соинвеститорот Д.Т., кој во меѓувреме починал. На тој начин, соопшти МВР, во катастарската евиденција на недоизградениот објект неосновано му дала легалност и покрај тоа што знаела дека соинвеститорот е починат и дека има наследно решение.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here