Креативен рецепт за уживање на целото семејство!

0
93


Отидете на диво „кујнско сафари“ преку подготовката на шарен „жирафа“ ролат. Овој десерт ќе стане вашиот омилен рецепт.

А, еве и како да го подготвите:


Потребни состојки:

  • 6 белки
  • 5 жолчки
  • 300 грама шеќер
  • 30 г растопен путер
  • 140 грама брашно
  • половина кесичка прашок за печиво
  • 2 лажици какао
  • 200 мл слатка павлака
  • 250 г маскарпоне сирење
  • половина кесичка желатин
  • 1 банана

Начин на подготовка:

  1. На хартија за печење врз плех нацртајте ги со молив шарите на „жирафа“ ролатот.
  2. Во длабок сад изматете 1 белка во форма на снег.
  3. Во сад настрана додадете 30 г растопен путер и 20 г шеќер и спојте ја смесата со жица за матење. Потоа во истата смеса додајте 20 г брашно и изматените белки и повторно промешајте.
  4. Ставете ја смесата со слаткарски шприц и нанесете ја на обратната страна од хартијата за печење, по обележаните линии.
  5. Изматете ги во форма на снег 5-те преостанати белки. Во друг сад изматете 5 жолчки со 130 г шеќер, а потоа додајте и 120 г брашно, 2 лажици какао и прашокот за печиво.
  6. Во смесата додајте ги и изматените белки, спојте ги состојките и нанесете ја смесата во плехот, врз претходно нанесените шари од бело тесто.
  7. Кората печете ја во загреана рерна 10 мин. на 180 ᵒC.
  8. Откако ќе се испече отстранете ја хартијата за печење, ставете ја кората (со се хартијата) врз влажна крпа и завиткајте ја во форма на ролат.
  9. Изматете 200 мл слатка павлака. Во друг сад ставете 250 г маскарпоне сирење и 150 г шеќер и спојте ги состојките. Додајте ја слатката павлака и повторно промешајте. Во смесата додајте половина лажица желатин.
  10. Одвиткајте го ролатот и нанесете го филот. Врз филот нанесете поголеми парчиња банана и завиткајте го ролатот. Оставете го во фрижидер да се излади, а потоа послужете.

Можеби сакате да го прочитате и рецептот за еклер торта што не треба да ја печете.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here