Крај на романсата: Елена Ристеска раскина со Филип

0
155


Пејачката Елена Ристеска после неколку месеци врска стави крај на романсата со скопскиот угостител Филип Арсовски.

Инаку, Елена и Филип пред да ја започнат својата врска беа добри пријатели, а дека пејачката имала сериозни намери со него потврда е и фактот што тој беше првиот дечко после нејзиниот развод кој го претстави во јавноста.

Имено, пред повеќе од еден месец Елена со Филип се појави на модна ревија на една своја пријателка, а неколку седмици предходно токму Бекстејџ беше прв кој што ја обелодени нивната врсла.

Пејачката ниту тогаш, ниту сега не сакаше да ги коментира овие озборувања.

Во моментов е посветена на работа и нејзиниот фокус на внимание е насочен кон козметичката линија која што наскоро ќе ја пласира во продажба.

Ристеска зад себе има еден брак, а пред повеќе од една година во интервју за Бекстејџ се соголи и раскажа се за причините за пропаѓањето на истиот. Со интервјуто кое го даде за за нас ја заклучи и приказната со Бојан.

Ние сме сигурни дека кога тогаш пејачката ќе си ја пронајде својата среќа во љубовта и ќе го запознае својот идеален партнер, а дотогаш и посакуваме да ужива во слободата затоа што она што е нејзино, кога тогаш ќе си дојде! 





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here